ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ТУРИСТИ ОД МОЛДАВИЈА ВО ОХРИД ОД НАРЕДНАТА СЕЗОНА, НАЈАВУВААТ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ

    ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ТУРИСТИ ОД МОЛДАВИЈА ВО ОХРИД ОД НАРЕДНАТА СЕЗОНА, НАЈАВУВААТ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТТуроператори од Молдавија се во посета на земјава за да се запознаат со македонските туристички потенцијали. (Фото: СДК.МК)

    Зголемување на бројот на туристи од Молдавија во 2022, а до 2025 се очекува и раст на гостите од државите од Источна Европа, Русија, Украина и Белорусија, се најавите по средбата на македонскиот туристички сектор со 15-те молдавски туроператори, кои деновиве се во посета на здемјава за да се запознаат со македонските туристички потенцијали.

    „Тие пазари сè повеќе се заинтересирани за Охрид и за Македонија. Тоа го докажаа и авиолиниите со Скопје коишто се воспоставија од привремен карактер кога се во прашање Москва, Санкт Петербург, Киев.  Веќе се потпишани одредени преддоговори за тие чартер летови токму од тие дестинации. Оваа инфотура со туроператерите од Молдавија покажува дека постои интерес и во таа земја за нашата туристичка понуда“, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

    Јаневски вели дека намалениот број авиолинии на „Визер“ поради моменталните рестрикции на Европската Унија околу новиот сој на коронавирусот, нема да влијаат на сезоната оти има сè повеќе нови аранжмани, а се очекува Охрид да ги исполни капацитетите со 80 проценти уште за новогодишните празници со домашни и странски гости.

    „Авиопревозот сè повеќе и повеќе се стабилизира, но кога се во прашање нискобуџетните компании многупати се случува и одредени други линии да бидат редуцирани, ама се надевам дека тоа на подолг период нема да даде негативен ефект“, вели Јаневски.

    Годинава според статистиката, има 50-процентно зголемување во туризмот во однос на претходната година и се очекува да се остварат 2,2 милиони ноќевања. За следната се предвидуваат 2,5 милиони ноќевања.

    Македонија, според Јаневски, е сигурна дестинација за туристите поради големиот број вакцинирани работници во туристичко-угостителскиот сектор во Охрид.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира