ЗГОЛЕМЕНА ПЛАТАТА ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО БИТОЛА, ПРЕКИНА ШТРАЈКОТ 

    ЗГОЛЕМЕНА ПЛАТАТА ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО БИТОЛА, ПРЕКИНА ШТРАЈКОТ радоначалникот Тони Коњановски се согласи за линеарно зголемување на платите на сите вработени за 2.806 денари од август. (Фото: СДК.МК)

    Прекинува штрајкот на вработените во јавните претпријатија во Битола, откако градоначалникот Тони Коњановски на денешната средба со претставниците на синдикатите и директорите  даде согласност за линеарно зголемување на платите на сите вработени за 2.806 денари од август.

    „Општина Битола, како основач на јавните претпријатија, ќе овозможи нивна поддршка и субвенционирање за надминување на тешката состојба во која се наоѓаат, поради што од моја страна, беше дадена согласност за линеарно зголемување на платите на вработените во сите јавни претпријатија и секако исплата на регрес за годишен одмор, согласно законската регулатива. Од директорите побарав комплетно завршување на потребната законска постапка за побараното зголемување на платите во најкраток рок, но и од нив и од претставниците на синдикатите, побарав зголемена ангажираност на вработените и навремено извршување на работните обврски“, рече Коњановски.

    Штрајкот на вработените од јавните претпријатија траеше само два дена. Тие, како и други вработени во јавниот сектор, побараа линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и враќање на правото за регрес на годишен одмор од 2023 година.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира