ЗГРАДАТА НА ОПШТИНА ОХРИД ОСВЕТЛЕНА СО БОИТЕ НА КАМПАЊАТА ЗА РЕТКИ БОЛЕСТИ

    ЗГРАДАТА НА ОПШТИНА ОХРИД ОСВЕТЛЕНА СО БОИТЕ НА КАМПАЊАТА ЗА РЕТКИ БОЛЕСТИЗградата на Општина Охрид до 29 февруари секоја вечер во траење од 5 часа ќе биде осветлена со зелена, розева и сина, кои се заштитни бои на кампањата за ретките болести. (Фото: СДК.МК )

    Зградата на Општина Охрид од синоќа е обоена со боите на кампањата за ретките болести. Таа е единствена јавна институција во земјава која на овој начин се вклучи во одбележувањето на месецот на ретките болести.

    „Во одбележувањето на Денот на ретките болести 29. февруари, на иницијатива на граѓанскиот активист Гордана Лолеска, Општина Охрид ќе се вклучи на уникатен начин. Од вечерва, од 19 часот, па сѐ до 29 февруари, зградата  секоја вечер во траење од 5 часа ќе биде осветлена со зелена, розова и сина, кои се заштитни бои на кампањата за ретките болести”, велат од локалната самоуправа.

    Овие 5 часа осветлување се симболика за 5% од пациентите со ретки болести низ целиот свет за кои има некаков лек.

    Од 1 до 29 февруари се одвива кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, во организација на Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“. Секој ден преку медиумите и социјалните мрежи се презентира по една ретка дијагноза, со цел граѓаните поблиску да се запознаат со ретките болести во Македонија.

    Преку едукативните материјали, јавноста се информира за прашања за тоа кога болеста се дијагностицира, начинот на дијагностицирање, број на заболени пациенти од истата дијагноза во државата и во светот, како и клиники на кои се третираат болните.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира