ЖЕЉКО БЕБЕК НАСТАПИ ВО БИТОЛА СО ПРЕПОЛОВЕНА ПУБЛИКА И СО МНОГУ АПЕЛИ ЗА ДРЖЕЊЕ ДИСТАНЦА И НОСЕЊЕ МАСКА

    ЖЕЉКО БЕБЕК НАСТАПИ ВО БИТОЛА СО ПРЕПОЛОВЕНА ПУБЛИКА И СО МНОГУ АПЕЛИ ЗА ДРЖЕЊЕ ДИСТАНЦА И НОСЕЊЕ МАСКАНа трибината беа обележани местата каде што публиката треба да седи со меѓусебна дистанца (Фото: СДК.МК)

    За разлика од концертот на Петар Грашо пред три дена, синоќешниот настап на Жељко Бебек на Хераклеја се одржа со преполовен капацитет на публика. Сите присутни на влезот во античкиот локалитет носеа маска, им беше мерена температура и им се дезинфицираа рацете. Редарите им поделија упатства за придржување до протоколите за време на концертот, а за да се избегне метеж, дел од публиката влегуваше од долниот, а дел од горниот дел на амфитеатарот. Пред почетокот на концертот, во повеќе наврати преку разглас се известуваше дека е задолжително да се носи маска, па до публиката се апелираше да го почитува тоа.

    На трибината беа обележани местата каде што публиката треба да седи со меѓусебна дистанца и тоа главно се почитуваше.

    Редарите на почетокот дури ги опоменуваа присустните да не стануваат да играат зашто групирање е забрането. Дел од присутните за време на концертот ги спуштија маските, но голем беше и бројот на оние кои цело време ја носеа.

    Жељко Бебек ја вжешти атмосферата со хитовите „Ако можеш заборави“, „Селма“, „Прости што те сакам“ и други. Иако 74-годишен, имајќи ги сѐ уште својата препознатлива рокерска става и истата убавина на гласот, тој не направи ниедна мала пауза и пееше повеќе од два часа. Во бендот како гитарист беше и неговиот син Звонимир.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира