ЖИРАФАТА ФЛОПИ УГИНА ОД РАК НА ЦРНИОТ ДРОБ, ВЕЛАТ ОД ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА

    ЖИРАФАТА ФЛОПИ УГИНА ОД РАК НА ЦРНИОТ ДРОБ, ВЕЛАТ ОД ЗООЛОШКАТА ГРАДИНАСкопската Зоолошка градина остана без жирафи, кои беа омилени животни на посетителите. (Фото: Зоо)

    Жирафата Флопи угинала од тумор на црниот дроб, покажале резултатите од Факултетот за ветеринарна медицина.

    „Добивме заклучок во кој се констатира дека Флопи угинал како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови. Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21. век, од која, како и луѓето, страдаат и голем број животни. Карциномот кај Флопи веќе метастазирал и во белите дробови, што тешко се дијагностицира во рана фаза“, соопштија од Зоолошката градина.

    Флопи угина на 27 ноември. Во мај годинава угина и жирафата Каспер, а пред две години Тобого. Сега скопската Зоолошка градина остана без жирафи, кои беа омилени животни на посетителите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира