ЗМИЈА ВО СТАН НА ПЕТТИ КАТ ВО ТЕТОВО, ИНТЕРВЕНИРАЛА ПОЖАРНАТА

    ЗМИЈА ВО СТАН НА ПЕТТИ КАТ ВО ТЕТОВО, ИНТЕРВЕНИРАЛА ПОЖАРНАТАПожарникарите велат дека имаат соодветна прачка за фаќање змии

    Тетовските пожарникари интервенирале на повик на жителка од зграда на улицата Борче Кочовски и фатиле змија која влегла во нејзиниот стан на петтиот кат. Интервенцијата била успешна, змијата брзо била фатена и безбедно отстранета од станот.

    Повикот до пожарната дојде некаде околу 18:30 ласот. Се јави жена која многу се уплашила и нè повика итно да дојдеме. Ние имаме соодветна прачка, стап со која се фаќаат змии. Така успеавме да ја извадиме змијата од станот и да ја однесеме во соодветна установа“, изјави Ука Алити, командант на тетовската територијална противпожарна единица.

    Ова не им е прва ваква несекојдневна интервенција. Само оваа година тетовските пожарникари интервенирале дури седум пати за да отстранат змии од разни објекти.

    Досега сме ваделе змии од возила или дворови, но ова е првпат да отстрануваме змија која влегла во стан во Тетово, и тоа дури на петтиот кат. Змиите најмногу влегуваат во дворови кога е топло, а во автомобили кога луѓето одат во природа. При вакви случаи секогаш нè бараат нас, бидејќи имаме соодветна опрема за вакви интервенции“, појаснува Алити.

    Тој апелира граѓаните да внимаваат и самите да не преземаат ништо за отстранување на змиите, туку да ги повикаат пожарникарите.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира