„АКО НЕ СЕ ЗАБАВУВАТЕ, ЌЕ ГО СВРТАМ НАЗАД АВИОНОТ“, ПИЛОТ НА „РАЈАНЕР“ ИМ ПРИРЕДИ ШОУ НА ИРСКИТЕ НАВИВАЧИ

    „АКО НЕ СЕ ЗАБАВУВАТЕ, ЌЕ ГО СВРТАМ НАЗАД АВИОНОТ“, ПИЛОТ НА „РАЈАНЕР“ ИМ ПРИРЕДИ ШОУ НА ИРСКИТЕ НАВИВАЧИ

    Ирските фудбалски навивачи, коишто патуваа на Европското првенство за натпреварот со домаќинот Франција, имаа ретка можност да уживаат во шегите на нивниот пилот, кој се покажа како добар комичар.
    На снимката од летот од Даблин за Лион, пилотот на „Рајанер“ Грег Брауни лично им се обрати на патниците во кабината и собра многу насмевки.
    „Малку доцниме во моментов, се уште полниме гориво, но Французин го прави тоа, па ќе доцниме малку“, се пошегува пилотот со Французите и продолжи во тој стил.
    „Не можеме да добиеме термин од контролата за летање, бидејќи не ве сакаат таму“, продолжи да се шегува на сметка на Французите.
    За разлика од повеќето екипажи, кои се обидуваат да ги држат патниците смирени, Брауни ги охрабри патниците да се забавуваат за време на летот.
    „Слободно муабетете си и пијте пиво колку сакате на овој лет, уживајте. Сакам да чујам и неколку песни. Ако не ве чујам во кокпитот како пеете, значи дека нешто не е во ред“, им соопшти пилотот на навивачите.
    На крајот, пред да се врати во кокпитот, тој се закани дека ќе го сврти авионот назад за Ирска ако патниците не се забавуваат.
    Ирска потоа загуби од Франција со 2:1 во осминафиналето во Лион, но и самиот пласман помеѓу најдобрите 16 селекции во Европа беше голем успех за Ирците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира