Сју Верчју, една од продуцентите на хит серијата на „Би-Би-Си“ „Шерлок“, денеска објави на социјалните мрежи видео, во кое Бенедикт Камбербач и остатокот од актерската екипа му даваат поддршка на Велс за дуелот со Португалија на Европското првенство во фудбал.
Серијата во моментов се снима во Велс и, очигледно, целата екипа вечерва е пред ТВ екраните да го следи полуфиналниот натпревар на шампионатот во Франција. Камбербач, кој го глуми славниот детектив Шерлок Холмс, во видето со стисната тупаница порача: „Напред Велс!“.
Filming in Wales and sending good luck to the boys tonight #Sherlock #togetherstronger #WalesvPortugal pic.twitter.com/1euJs6nr3v
— sue vertue (@suevertue) July 6, 2016