Италијанскиот фудбалер Грацијано Пеле имаше одличен настап, крунисан со гол, на синоќешната победа на „аѕурите“ од 2:0 против Белгија на Европско првенство во Франција и неговата девојка, како и секогаш, беше на трибините да му даде поддршка.
Додека мнозинството од италијанските навивачи носеа шапки, шалови и знамиња, девојката на Пеле Викторија Варга пристигна на „Стад де Лумиер“ во Лион со кукла на надување од нејзиниот партнер.
24-годишниот унгарски модел за бикини е во врска со напаѓачот на Саутемптон веќе четири години и никогаш не пропушта да ја искаже својата поддршка на социјалните мрежи.