ЕДВАЈ НАЈДЕ КАРТА, ПА ГО ПРЕСПА ИСТОРИСКИОТ НАТПРЕВАР

    ЕДВАЈ НАЈДЕ КАРТА, ПА ГО ПРЕСПА ИСТОРИСКИОТ НАТПРЕВАР

    Велшанецот Герет Тензи стана ѕвезда на социјалните мрежи откако без негово знаење беше фотографиран на трибините со рагби легендата Шејн Вилијамс за време на натпреварот Велс-Словачка (2:1) на Европското првенство во Франција.

    vels-navivac

    Герет Тензи го пропушти голот на Герет Бејл, прв за Велс на европските првенства

    Тензи заспа на седиштето уште пред почетокот на мечот во Бордо и го пропушти историскиот гол на Герет Бејл, кој беше прв за велшката репрезентација на европските првенства и прв на големите фудбалски натпреварувања по цели 58 години. Навивачот од Милфорд дошол во Франција со уште еден пријател и успеале да најдат карти за натпреварот на само половина час пред почетокот на дуелот со Словачка.
    „Не знаев дека ме сликале со еден од најголемите велшки спортисти на сите времиња. Тотално бев изгубен. Не ја слушнав ни химната, ниту радоста на навивачите кога Герет Бејл го постигна првиот гол“, откри Тензи, кој призна дека испил многу пиво и вино пред натпреварот.
    Тој сега бара карта за вториот меч на Велс, против Англија в четврток, и вели дека нема да пие алкохол за да не заспие повторно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира