ЕМОТИВНИОТ ИСЛАНДСКИ КОМЕНТАТОР МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ РАБОТА

    ЕМОТИВНИОТ ИСЛАНДСКИ КОМЕНТАТОР МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ РАБОТА

    Исландскиот телевизиски коментатор Гудмундур Бенедиктсон, кој стана светски популарен по фудбалскиот натпревар Исланд-Австрија на Европското првенство во Франција, е во опасност да ја загуби работата.
    ТВ-коментаторството му е „тезга“ на Бенедиктсон, а примарна работа му е позицијата помошник тренер во исландскиот фудбалски клуб КР Рејкјавик. Тој, заедно со главниот тренер и другите помошници, се наоѓа пред отказ, откако тимот ги загуби последните три натпревари и се наоѓа во долниот дел од табелата на исландскиот шампионат.
    Веднаш по завчерашниот натпревар со Австрија на Европското првенство, Бенедиктсон се врати во Исланд за синоќешниот меч со Акранес, но не беше од помош, бидејќи неговиот Рејкјавик беше поразен со 2:1 на домашен терен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира