ФУДБАЛСКИОТ ТОР Е ОТКРИТИЕ НА ЕВРОПСКОТО ЗА ЖЕНСКИТЕ ФАНОВИ

    ФУДБАЛСКИОТ ТОР Е ОТКРИТИЕ НА ЕВРОПСКОТО ЗА ЖЕНСКИТЕ ФАНОВИ

    Утрешниот натпревар помеѓу Анлија и Исланд на Европското првенство во Франција не е привлечен само фудбалските навивачи, туку и за оние коишто сакаат да гледаат убави мажи како трчаат по теренот.

    Изгледот и фудбалските вештини на 28-годишникот се подеднакво добри

    Изгледот и фудбалските вештини на 28-годишникот се подеднакво добри

    Некои гледачи нема да ги интересира резултатот, туку ѕвездата на исландската репрезентација Биркир Бјарнасон, кој изгледа подеднакво добро како неговите фудбалски вештини. Фудбалерот на швајцарскиот тим Базел стана национален херој во Исланд, откако го постигна израмнувачкиот гол против Португалија на стартот на Европското првенство, а поради неговиот изглед, во татковината има прекар Тор.
    На социјалните мрежи, има доста коишто го следат поради фудбалските квалитети, но далеку повеќе се оние коишто го коментираат неговиот излед. 28-годишниот Бјарнасон е посебно популарен на Инстаграм и на фотографиите може да се забележи отсуство на девојка или сопруга во неговиот живот, што ги радува неговите женски фанови.
    Од фудбалски аспект, интересно е што токму англискиот селектор Рој Хоџсон го откри неговиот талент пред 11 години во норвешкиот тим Викинг.
    „Биркир е многу млад, но има голем потенцијал. Сигурен сум дека неговата кариера ќе развива во вистинската насока“, изјави тогаш Хоџсон.
    Неговото предвидување се оствари и двајцата утревечер во Ница ќе бидат противници за место во четврт-финалето на Европското првенство во Франција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира