ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ ВО ЛИЛ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА „ЦРН ДЕН“

    ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ ВО ЛИЛ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА „ЦРН ДЕН“

    Префектот на Лил Мишел Лаланд се плаши дека денеска ќе биде „црн ден“, бидејќи во градот се наоѓаат илјадници руски, англиски и велшки навивачи, коишто пристигнаа за натпреварите од Европското првенство во фудбал.
    По хаосот во Марсеј на почетокот на првенството во Франција, локалните власти се загрижени дека британските и руските навивачи ќе станат насилни и во нивниот град.
    Русија игра со Словачка во 15 часот и вечерта центарот ќе биде полн со англиски и велшки навивачи, чиишто репрезентации утре играат во блискиот Ленс. Пред почетокот на првенството, УЕФА им препорача на англиските и велшките навивачите да се сместат во поголемиот Лил, бидејќи Ленс нема капацитет да прими две така големи навивачки групи.
    Свесен за погрешната проценка на УЕФА, префектот Лаланд побара од англиските и велшките навивачи да почекаат до утре да дојдат во Лил за да не се сретнат со околу 15 илјади руски навивачи, коишто веќе се во градот.
    „Англичаните и Велшаните треба да дојдат утре, откако ќе си заминат Русите. Ова ќе биде црн ден, бидејќи тука има 15.000 руски навивачи“, изјави Лаланд.
    Локалните власти забранија продавање алкохол од шест попладне до шест наутро во обид да спречат насилство, а повикаа и дополнителни 600 припадници на полицијата и војската.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари