Капитенот на хрватскатата репрезентација Даријо Срна го напушти Европското првенство во Франција по смртта на татко му Узеир.
34-годишниот фудбалер остана во Париз по натпреварот со Турција на „Паркот на принцовите“ за да се врати во Метковиќ, кадешто денеска ќе се одржи погребот, јави „24 сата“.
„Драг капитену, сите сме со тебе и со твојата фамија“, му порачаа соиграчите од националниот тим, кои се вратија во кампот во Довил.
Засега е непознато дали Срна, кој има над 130 настапи за хрватската репрезентација, ќе настапи на натпреварот против Чешка на 17 јуни.