ЛИДЕРОТ НА РУСКИТЕ НАВИВАЧИ УАПСЕН И ДЕПОРТИРАН ДВАПАТИ ВО ЕДНА НЕДЕЛА

    ЛИДЕРОТ НА РУСКИТЕ НАВИВАЧИ УАПСЕН И ДЕПОРТИРАН ДВАПАТИ ВО ЕДНА НЕДЕЛА

    Лидерот на Унијата на руски навивачи Александар Шпригин беше уапсен на синоќешниот натпревар помеѓу Русија и Велс на Европското првенство во фудбал и се соочува со депортација од Франција по вторпат за една недела.
    Портпаролот на француското министерство за внатрешни работи Пјер-Анри Бранде кажа дека Шпригин синоќа бил приведен на стадионот во Тулуз, три дена откако беше депортиран од Франција, откако француските власти го обвинија за хулиганизам.
    „Приведен на стадионот во Тулуз, Александар Шпригин беше ставен во притворт и неговиот случај ќе биде решен административно или во судска постапка“, изјави Бранде за АП.
    Шпригин, кој беше помеѓу 20-мината Руси депортирани во Москва минатата недела, на Твитер се пофали дека се вратил во Франција „по невообичаена рута под плаштот на ноќта“ и објави фотографии од аеродромот во Барселона и изгледа дека оттаму допатувал во Франција по копнен пат.
    По депортацијата од Франција, неговата Шенген виза не била поништена, но добил забрана за влез во земјата и ако слетал на француски аеродром, веднаш ќе бил вратен назад.
    Русија беше елиминирана од Европското првенство во Франција по синоќешниот пораз од Велс со 3:0.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира