Карла Ромера, младата Французинка од виралното видео во кое ирски навивачи и пеат серенади, проговори за искуството за „Дејли Мејл“.
Англискиот весник ја пронајде девојката, која работи како спасувач на плажа и несакајќи стана една од ѕвездите на Европското првенство во фудбал. Стотици ирски навивачи ја обиколија госпоѓицата Ромера и и пееја серенади во Бордо во саботата пред натпреварот Ирска-Белгија и видеото од настанот, коешто еден од нив го објави на Фејсбук беше прегледано над милион пати во рок од неколку часа.
Ромера за „Дејли Мејл“ потврди дека е девојката од видеото.
„Сакам да кажам дека сум многу горда на Ирците, тоа беше магичен момент, исполнет со љубезност и радост“, кажа Ромера.
На крајот од видеото, еден од ирските навивачи успеа да добие бакнеж од Французинката, но тоа не им донесе среќа, бидејќи нивната репрезентација потоа загуби со 3:0 од Белгија.