Фудбалските навивачи од разни земји предизвикаа доста контроверзи во Франција за време на Европското првенство, но имаше и позитивни примери.
Еден од таквите исклучоци се навивачите од Северна Ирска и Велс, кои се здружија пред осминафиналниот дуел на нивните фудбалски репрезентации во Париз, за да го најдат таткото на 13-годишниот Том, кој се загуби во метежот.
Навивачите го качија момчето на високо за да може татко му полесно да го забележи и, истовремено, пееја: „Дејвид, Дејвид, тука е син ти“.
На крајот од видеото од настанот, коешто се појави социјалните мрежи, може да се види детето како со насмевка се симнува, откако го забележа татко му.