Европското првенство веќе е во полн ек и „Митик“, најголемиот европски сервис за онлајн дејтинг, побара од своите кориснички да изберат кого би сакале за партнер од фудбалерите на шампионатот во Франција.
Во анкетата на „Митик“ (meetic.com), убедливо најмногу гласови собра шпанскиот фудбалер Жерард Пике. Изгледа дека голот на дефанзивецот на Барселона на мечот против Чешка сврте повеќе од една глава, не само таа на неговата сопруга Шакира.
Зад Пике, на второто место во анкетата заврши францускиот фудбалер Оливје Жиру, а на третото место се најде Португалецот Кристијано Роналдо. Доста гласови од корисничките на „Митик“ собраа и Матс Хумелс, Клаудио Маркизио и Серхио Рамос.
Во претходна анкета на „Митик“, корисничките гласаа кој дел од телото на фудбалерите е најпривлечен и најмногу од нив (33 отсто) од нив го избраа торзото.