ПО КАМЕРОН И ХОЏСОН СИ ДАДЕ ОСТАВКА, АНГЛИЈА ИСПАДНА ОД ЕВРОПА ВТОРПАТ ВО ЕДНА НЕДЕЛА

    ПО КАМЕРОН И ХОЏСОН СИ ДАДЕ ОСТАВКА, АНГЛИЈА ИСПАДНА ОД ЕВРОПА ВТОРПАТ ВО ЕДНА НЕДЕЛА

    Англија беше елиминирана од Европското првенство во Франција од аутсајдерот Исланд. Само три дена откако Англичаните изгласаа да излезат од Европската унија, англиските фудбалери постапија согласно нивниот избор. По премиерот Дејвид Камерон, оставка поднесе и селекторот Рој Хоџсон.
    На стадионот во Ница, Исланд, најмалата земја учесник во историјата на европските првенства со популација од 330.000 жители, ја победи Англија со 2:1 во осминафиналето и се пласираше помеѓу осумте најдобри селекции во Европа. Луѓето како да имаа подготвено шеги, на социјалните мрежи Англија беше предмет на исмевање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира