ПО ПЕТ ГОДИНИ НА КЛУПАТА НА ИСЛАНД, СЕЛЕКТОРОТ ЛАГЕРБЕК УШТЕ ИМ ЗБОРУВА НА ШВЕДСКИ НА ФУДБАЛЕРИТЕ

    ПО ПЕТ ГОДИНИ НА КЛУПАТА НА ИСЛАНД, СЕЛЕКТОРОТ ЛАГЕРБЕК УШТЕ ИМ ЗБОРУВА НА ШВЕДСКИ НА ФУДБАЛЕРИТЕ

    Швеѓанецот Ларс Лагербек е селектор на исландската фудбалска репрезентација веќе пет години и се уште не го познава доволно добро мајчиниот јазик на играчите.
    Сепак, употребата на преведувач не го спречи да ги предводи исландските фудбалери до четврт-финалето на Европското првенство во Франција, притоа елиминирајќи ја и фаворизираната Англија.
    „Разбирам многу малку. Научив многу зборови, но штом играчите почнат да зборуваат, се губам и ништо не разбирам. Ми недостастуваат неформалните муабети“, откри 67-годишниот Лагербек пред натпреварот со домаќинот Франција в недела.
    Пред да дојде во Исланд, шведскиот тренер ја помина цела кариера во својата татковина, со исклучок на пет месеци како селектор на Нигерија за Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира