ПО „ШТО Е ЕУ?“, АНГЛИЧАНИТЕ СЕГА ГУГЛААТ „БАБА ОД ВЕЛС“

    ПО „ШТО Е ЕУ?“, АНГЛИЧАНИТЕ СЕГА ГУГЛААТ „БАБА ОД ВЕЛС“

    Изненадувачкиот успех на велшките фудбалери на Европското првенство во Франција предизвика пораст на бројот на англиските навивачи, кои очајно бараат некакво потекло од Велс.
    Викендов, откако Велс ја победи Белгија во четврт-финалето на шампионатот во Франција, пребарувањата на Гугл за „баба од Велс“ достигнаа рекордно ниво во Англија, откри „Гугл Трендс“. Англиската фудбалска репрезентација доживеа рана елиминација од Исланд, за разлика од Велшаните, кои в среда ќе играат во полуфиналето против Португалија, па дел од англиските навивачи сакаат да бидат дел од победничката еуфорија.
    Нешто слично се случи по неодамнешниот референдум за Европската унија, кога Англичаните масовно пребаруваа „Што е ЕУ?“, откако мнозинството гласаше за напуштање на унијата. Тогаш, илјадници Англичани истражуваа и дали имаат ирско потекло во обид да останат граѓани на ЕУ со ирски пасоши.
    Овојпат, пребарувањата се од чисто фудбалска природа, бидејќи Велс нема свои пасоши.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира