РОБСОН-КАНУ СТАНАЛ ВЕЛШКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ОТИ ОДЕЛ НА ОДМОР ВО ВЕЛС

    РОБСОН-КАНУ СТАНАЛ ВЕЛШКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ОТИ ОДЕЛ НА ОДМОР ВО ВЕЛС


    Брајан Флин, поранешниот селектор на велшката фудбалска репрезентација, ги откри бизарните околности поради кои Хал Робсон-Кану стана велшки репрезентативец.

    Напаѓачот, кој постигна два гола за Велс на Европското првенство во Франција, беше во Рединг, кога Флин дошол во англискиот клуб пред неколку години за да убеди друг играч да и се приклучи на репрезентацијата на Велс.
    Додека Флин разговарал со Сајмон Черч во клупската кантина, соиграчот на Робсон-Кану, Глен Литл, на шега му дофрлил на селекторот: „Зошто не го земеш Робсон-Кану, тој секоја година оди на одмор во Велс”.
    Пред да си замине, Флин отишол да му се извини на Робсон-Кану за шегата и по кус разговор со фудбалерот, дознал дека баба му е родена во велшкиот град Керфили, со што го исполнува условот да настапува за националниот тим на Велс, иако претходно играл за англиската младинска репрезентација.

    Велс вечерва игра во полуфиналето на Европското првенство во Франција против Португалија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира