Рускиот министер за спорт Витали Мутко тврди дека немало судири помеѓу навивачите на вчерашниот натпревар помеѓу Англија и Русија на Европското првенство во Франција.
УЕФА денеска потврди дека отворила дисциплинска постапка против Русија за нереди на трибините, употреба на пиротехника и расистичко однесување, но Мутко, кој беше присутен на стадионот, вели дека немало насилство на фудбалскиот меч во Марсеј.
„Немаше судири. Тоа е претерување, всушност се е во ред тука. Кога заврши натпреварот, немаше бариера помеѓу навивачите. Британците, секако, беа вознемирени, но се брзо се заврши. Вакви натпревари треба да се организираат соодветно. Неопходно е да се одделат навивачите“, изјави Мутко за „Р-Спорт“
Александр Шпригин, претседателот на Унијата на руски фудбалски навивачи, исто така, негираше дека имало судири.
„Целиот англиски сектор стана и почна да бега. Немаше тепачки, полицијата стоеше таму. Се е во ред, полицијата добро си ја заврши работата“, кажа Шпригин за РТ.