Белгиската фудбалска репрезентација успеа да се квалификува во осминафиналето на Европското првенство во Франција по победата над Шведска, во која еден од клучните играчи беше замената Дриес Мертенс.
На трибините на стадионот во Ница беше и Катрин Керкофс, сопругата на белгискиот фудбалер, но изгледа дека не следеше баш најдобро што се случува на теренот. Мертенс се пошегува дека таа треба повеќе да внимава на играта на нејзиниот сопруг, место да мисли само на јадење.
„Кога твојата девојка доаѓа да те гледа како играш, но ја гледа само храната“, пишуваше на мемето, коешто Мертенс го објави на социјалните мрежи.
😂😅 @KatrinKerkhofs pic.twitter.com/2lVTHUNLoo
— Dries Mertens (@dries_mertens14) June 23, 2016