ТРЕНДОВИТЕ ШТО ГИ ПОЧНАА СОПРУГИТЕ НА ФУДБАЛЕРИТЕ СТАНАА БИЗНИС ВРЕДЕН МИЛИЈАРДИ

    ТРЕНДОВИТЕ ШТО ГИ ПОЧНАА СОПРУГИТЕ НА ФУДБАЛЕРИТЕ СТАНАА БИЗНИС ВРЕДЕН МИЛИЈАРДИ

    Сопругите и девојките на фудбалерите станаа популарен феномен за време на Светското првенство во Германија во 2006 година, кога нивните прошетки низ Баден-Баден беа следени со внимание од светските медиуми.
    Набрзо потоа, нивниот изглед почна масовно да се копира, што им донесе голема заработка на бутиците и брендовите, промовирани од Викторија Бекам, Шерил Кол, Алекс Курен, Колин Руни и Елен Лампард. Десет години подоцна, на почетокот на Европското првенство во Франција, некои од трендовите воведени од нив се уште се популарни.

    Дизајнерски тренерки

    vags-trenerki

    Откако Алекс Курен, сопругата на Стивен Џерард, се појави во жолти дизајнерски тренерки, компанијата што ги произведуваше мораше да прави листа на чекање за парчето спортска облека поради огромниот интерес.

    Вештачки тен

    vags-ten

    Вештачкиот тен стана нормална појава, откако партнерките на фудбалерите почнаа на одат на натпреварите во Германија по сесиите во хотелските солариуми.

    Дизајнерски очила

    vags-ocila

    Викторија Бекам понесе со себе 60 пара дизајнерски очила во Баден-Баден и им направи голема промоција на очилата на Версаче и Кавали. Денеска, индустријата на луксузни очила вреди 13 милијарди долари.

    Бутици со дизајнерска роба

    vags-butici

    Бутикот „Крикет“ во Ливерпул, кадешто пазаруваа сопругите и девојките на фудбалерите стана есктремно популарен, па дури и обичните хартиени кеси во кои ги пакуваат купените производи се препродаваа на интернет.

    Екстензии за коса

    vags-ekstenzii

    Викторија Бекам и другарките ги направија екстензиите за коса толку популарни што и денеска асоцираат на сопругите на фудбалерите.

    Кристијан Лубутен чевли

    vags-lubuten

    Високите потпетици на Лубутен беа омилени чевли на сопругите и девојките на фудбалерите пред десет години. Сега, тие се облекуваат поспортски, додека Кристијан Лубутен го прошири асортиманот на производи со лак за нокти и кармин, коишто совршено одговараат на нивните чевли.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари