Сензационалниот успех на Велс на Европското првенство во Франција не го очекуваа ниту самите велшки фудбалери, посебно не Џо Ледли.
29-годишниот фудбалер на Кристал Палас, кој веројатно очекувал брзо да бидат елиминирани, сега е загрижен дека ќе мора да ја одложи свадбата, откако велшката репрезентација успеа да се квалификува во осминафиналето.
„Најверојатно, ќе морам да ја одложам свадбата, ќе видиме што ќе се случи. Сепак, мојата партнерка разбира дека во овој случај, фудбалот е на прво место“, откри Ледли за велшките медиуми без да го открие точниот датум за венчавката.
Велс го освои првото место во групата Б по двете победи во фазата на групи и во осминафиналето е фаворит да ја победи Северна Ирска. Ако Велс продолжи со победите, селекторот Крис Колмен ќе го пропушти раѓањето на неговото прво дете, бидејќи сопругата Шарлот треба да се породи на почетокот на јули.