ВЕЛШАНЕЦОТ ГАНТЕР ЌЕ ДРЖИ ГОВОР НА СВАДБАТА НА БРАТ МУ ПРЕКУ „СКАЈП”

    ВЕЛШАНЕЦОТ ГАНТЕР ЌЕ ДРЖИ ГОВОР НА СВАДБАТА НА БРАТ МУ ПРЕКУ „СКАЈП”

    Пласманот на Велс во четврт-финалето на Европското првенство во Франција ја израдува нацијата, но создаде проблеми за фамилијата Гантер.

    Велшкиот фудбалер Крис Гантер треба да биде кум на свадбата на брат му Марк, кој церемонијата ќе ја прави во Канкун, Мексико.
    Нивните родители инсистираат свадбата да не се одложува, па Крис, кого в петок го очекува натпревар со Белгија за пласман во полуфиналето, изгледа ќе мора да го одржи поздравниот говор преку видео повик на „Скајп”.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира