ИВАНОВ ГИ ПОНИШТИ СИТЕ АБОЛИЦИИ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИВАНОВ ГИ ПОНИШТИ СИТЕ АБОЛИЦИИ

    Претседателот Ѓорге Иванов попладнево соопшти дека ги повлекува сите аболиции. На помалку од еден час од протестот на Шарената револуција закажан пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) без најава се појави соопштение на веб страницата на Претседателот на Република Македонија.

    Принтскрин од веб страницата на Претседателот на државата

    Принтскрин од веб страницата на Претседателот на државата со изненадувачкото соопштение

    Во писмена изјава што попладнево се појави на веб страницата на шефот на државата стои:

    „Во овие десет дена бевме сведоци на различни толкувања на оваа одлука на поларизираната политичка сцена и обиди да се освојат ситни дневно – политички поени преку оваа одлука за која како и тогаш, така и сега сум уверен дека ќе придонесе за национално помирување и ќе понуди излез од политичката криза во Република Македонија. Поради ова, денеска донесов одлука да ги поништам и преостанатите одлуки за помилување кои ги донесов на 12 април“, стои во писмената изјава на претседателот Иванов.

    Тој потсетува дека „Сите други лица, согласно законските измени, имаа можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување. Меѓутоа и покрај декларативните најави на дел од нив во јавноста дека ќе го сторат тоа, досега ниту еден од помилуваните не поднесе барање за поништување на одлуките за нивно помилување“.

    .

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари