„МОСТ“: НЕМА УСЛОВИ ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ НА 5 ЈУНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    „МОСТ“: НЕМА УСЛОВИ ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ НА 5 ЈУНИ

    Поради голем број недоследности и прекршувања, а кои се игнорирани од ДИК, констатираме дека Владата и другите институции не успеаја да обезбедат услови за одржување на фер и веродостојни избори на 5 јуни, велат од граѓанската асоцијација „Мост“.

    Претседателот на „Мост“, Дарко Алексов, вели дека проверките на избирачкиот список не биле транспарентни, а тоа довело до нејасни резултати.

    – ДИК вложи многу средства, време и напори во овој процес за на крај тоа да резултира со поделено гласање на членовите на ДИК и со нејасни резултати од теренската проверка. Собранието ја пропушти можноста да донесе законски измени кои ќе овозможеа отстранување на тие избирачи што немаат право да бидат на избирачкиот список. Досега отстранети се само починатите лица. Дел од дописите што МВР и Министерството за информатичко општество и администрација ги доставија до ДИК се без потписи од министерот, односно дополнителниот заменик-министер, и поради тоа тие не произведуваат правно дејство – вели Алексов.

    Од „Мост“ велат дека изборните единици 3, 4 и 6 го надминуваат дозволеното отстапување од пет отсто во однос на просечниот број на гласачи по изборна единица.

    Поради овие недоследности, од „Мост“ велат дека јавноста нема доверба во избирачкиот список, а како дополнителни проблеми ги истакнуваат неподеленоста помеѓу државата и партијата, злоупотребата на државни ресурси за партиски цели и притисоците на вработените во администрацијата.

    Сепак, доколку се одржат предвремените парламентарни избори на 5 јуни, од „Мост“ велат дека ќе испратат свои набљудувачи да го проследат процесот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира