ОДИХР: АБОЛИЦИЈАТА ЈА ВЛОШИ ПОЛИТИЧКАТА КЛИМА

a:1:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA

    ОДИХР: АБОЛИЦИЈАТА ЈА ВЛОШИ ПОЛИТИЧКАТА КЛИМА

    Во периодичниотизвештај на ОБСЕ-ОДИХР  за периодот од 31 март до 19 април, пишува дека политичката клима е влошена по одлуката за аболиција на претседателот Ѓорге Иванов, како и дека ДИК работи во напната политичка атмосфера.

    „Политичката клима се влоши по 12 април, кога претседателот Иванов ги помилува сите обвинети лица под истрага и лица осомничени за вмешаност во т.н. „скандал со прислушување“. Сите поголеми политички партии го осудија помилувањето и го повикаа претседателот да ја отповика својата одлука“, стои во извештајот.

    За Државната изборна комисија се вели дека работи во напната политичка атмосфера.

    Во документот стои и дека некои од соговорниците со кои разговарале од набљудувачката мисија за избори, изразиле загриженост за опаѓањето на медиумската слобода поради политички притисок и за мешањето на сопствениците во работата на новинарите.

    Според ОБСЕ-ОДИХР, некои од партиите на малцинствата изјавиле дека не постојат услови за веродостојни избори и дека поради тоа нема да учествуваат во изборите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира