ПОЛИЦИЈАТА ГИ ИЗГЛАДНУВА ПРИВЕДЕНИТЕ, А ВО ИСТРАЖНИТЕ ЗАТВОРИ ПРИТВОРЕНИТЕ СПИЈАТ НА ДАСКИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:23:"single_template_british";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИЦИЈАТА ГИ ИЗГЛАДНУВА ПРИВЕДЕНИТЕ, А ВО ИСТРАЖНИТЕ ЗАТВОРИ ПРИТВОРЕНИТЕ СПИЈАТ НА ДАСКИ

    Полициските станици во Македонија немаат пари за оброк на приведените лица, па затоа со часови лишените од слобода ги држат гладни. Ова го утврдил Националниот превентивен механизам при Народниот правобранител на Македонија, по посетата на полициските станици во државава.

    „Меѓународните стандарди за лица лишени од слобода го гарантираат правото на храна, а  МВР на задржаното лице му утврдува право на минимум еден оброк во период на задржување повеќе од шест часа. При посетите утврдивме дека задржаните лица често остануваат без оброк, зашто не секоја полициска станица има средства за оваа намена“, изјави заменикот Народен правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа, презентирајќи го денеска Годишниот извештај на овој истражен орган на Омбудсманот.

    Утврдено е дека приведените ретко остваруваат право на бранител, уапсените се чуваат и испрашуваат во стари, подрумски, субстандардни простории, а за малолетниците речиси и да нема посебни простории во станиците, што е стандард што требаше одамна да се исполни.

    Од бројните посети минатата и оваа година на затвори, домови за деца без родители, установи за деца со посебни потреби, Бајрамовска-Мустафа ги издвои како уште покатастрофални од претходните години, затворите “Скопје“ и “Тетово“.

    Таа вели дека хигиената е под секое ниво, има неподнослива смрдеа, душеците се во распаѓање, бубачки шетаат по душеците и телата на затворениците, се сместуваат еден врз друг, забележана е преполнетост на ќелиите , далеку над дозволените капацитети, се спие на даски потпрени со пластични шишиња, немаат лекови ни за хронично болните, исхраната е слаба и неквалитетна, нема постојана лекарска заштита, нема гинеколог за жените осуденички и притворенички… Сето ова го забележал Националниот превентивен механизам при Народниот правобранител на Македонија при посетата на затворите во Шутка и Тетово.

    За овој ужас веќе е известен Подкомитетот за превенција од тортура на Обединетите нации.

    Во целата оваа гнасотија имало чудни ситуации, како на пример, дека во магацинот на затвор „Скопје“, Омбудсманот затекнал релативно нови душеци за затворските кревети, кои намерно не биле заменувани со душеците – инкубатори за инсекти на кои спијат притворените. Во казнено-поправните установи во Македонија, се вели во извештајот, каде што нема бактериолошко испитување во кујните и на вработените осуденици во кујните, туку и храната, солната киселина, содата, хлорот, отровите за инсекти, се чуваат на исто место и на исти рафтови со храната за осудениците.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари