УСТАВНИОТ СУД ДВЕ ГОДИНИ ЈА ДРЖИ ВО ФИОКА ИНИЦИЈАТИВАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА АНГЛИСКИОТ НА ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:580:"СтанувазборзаиницијативаподнесенаодОмбудамснотпротивЗаконотзаадминистративнислужбеници,којбараосвензановитевработенивоадминистрацијата,ретроактивно,дамораиодпоодамнавработенитедадоставатсертификатизапознавањенаанглискијазикизакомпјутерскивештинииадминистративноуправување";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УСТАВНИОТ СУД ДВЕ ГОДИНИ ЈА ДРЖИ ВО ФИОКА ИНИЦИЈАТИВАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА АНГЛИСКИОТ НА ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

    Уставниот суд дури по две години поведува постапка за иницијатива што ја поднел Народниот правобранител на 16 април, 2014.

    “Попусто се јавувавме по телефон, ургиравме, дури и двапати писмено се обраќавме до Уставниот суд. Претседателката Елена Гошева не нѐ удостои за овие две години да ни одговори зошто Судот се однесува вака кон институцијата Народен правобранител и дали смее да држи во фиока волку долго поднесена иницијатива“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК  од канцеларијата на Омбудсманот Иџет Мемети.

    Омбудсманот Иџет Мемети чека две години одговор од Уставниот суд за неговата иницијатива

    Омбудсманот Иџет Мемети чека две години одговор од Уставниот суд за неговата иницијатива

    Станува збор за иницијатива поднесена од Мемети против Законот за административни службеници, кој бара освен за новите вработени во администрацијата, ретроактивно, да мора и од поодамна вработените да достават сертификати за познавање на англиски јазик и за компјутерски вештини и административно управување.

    “Уставот во член 52 забранува законите и другите прописи да имаат повратно (ретроактивно) дејство, освен по исклучок, кога е тоа поповолно за граѓаните. Народниот правобранител сакаше да заштити над 120 илјади, не нови, туку веќе вработени службеници во  администрацијата, за кои тие нови услови со двата сертификата никако не може да важат, бидејќи се вработиле во некои друго време и под други услови и законски норми“, објаснува канцеларијата на Мемети.

    Уставниот суд дури минатата недела го известил Мемети дека се поведува постапка по иницијативата поднесена пред две години.

    “Сега е јасно како работи Уставниот суд. Тоа со сертификатите преку ретроактивното дејство на законот требаше да биде печалба на векот, ако се има предвид дека секој од вработените ќе требаше да издвои по околу 200 евра за двата сертификата, без гаранција дека ќе ги положи од прва англискиот и вештините. Знаете ли тоа колкава сума е? Не можете ни да замислите. А како што е познато, двата испита не се полагаат пред државни институции, туку пред фирми кои се избираат на тендер“, објаснуваат соговорниците колкав бил стресот што не се ставал на дневен ред цели две години овој предмет.

    Од канцеларијата на Омбудсманот прават паралела со експресното поднесување-подготовка на реферат-одлука, со суперсонична брзина на Уставниот суд за само 30-ина дена, кога требаше да се укинат Измените на Законот за помилување вметнати во 2009 година. Таа брзина и соучесништво мнозинството во Уставниот суд на чело со Елена Гошева мораше да ја примени, за да може да отпаднат изборните нерегуларности и да може претседателот Ѓорге Иванов да врши помилувања и за изборен криминал, што и го стори на 12 април, откако Уставниот суд му направи пат.

    Овие обврски за сертификати остануваат само за новите вработувања, бидејќи во меѓувреме, за претходно вработените административци, донесена е одлука правилата да важат една година откако Македонија ќе влезе во ЕУ. Но Омбудсманот бара Уставниот суд да си ја заврши работата, бидејќи Уставот забранува ретроактивно дејство врз граѓаните, како што вели „тамам и петпати да влеземе во ЕУ“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари