АРХИВСКИ ФОТОГРАФИИ – СКОПЈЕ СЕ СЕЌАВА НА 26 ЈУЛИ 1963

    АРХИВСКИ ФОТОГРАФИИ – СКОПЈЕ СЕ СЕЌАВА НА 26 ЈУЛИ 1963Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе и околу 200.000 останаа без дом (Фото: СДК.МК - Приватна архива)

    Повеќе од 1.070 луѓе загинаа, а околу 3.000 до 4.000 биле повредени во земјотресот што на 26 јули 1963 година го погоди Скопје. Земјотресот бил со јачина од 6,1 степени по Рихтеровата скала, односно 9 степени по Меркалиевата скала. Околу 200.000 жители останале без своите домови.

    Скопје стана град на солидарноста. Веднаш по земјотресот помош стасала од цела тогашна Југославија, а во обновата на градот учествувале 87 држави во целиот свет.

    За прв пат по Втората светска војна, во Скопје во хуманитарна акција се сретнаа војските на САД и на тогашниот Советски сојуз кои помагаа со инженериски единици.

    Фотографиите се од приватната архива на Кочо Битољану (1924-2014) кој беше член на првата скопска власт по ослободувањето од фашизмот во 1944 година.

    (Фото: СДК.МК – Приватна архива)

    (Фото: СДК.МК – Приватна архива)

    Разурнатиот Офицерски дом на Плоштадот Македонија – (Фото: СДК.МК – Приватна архива)

    (Фото: СДК.МК – Приватна архива)

    Земјотресот се случи во 5.17 часот наутро кога Скопјани уште спиеја – мајка и ќерка во тогаш новата населба Карпош каде што покрај центарот имаше најголеми разорувања (Фото СДК.МК – Приватна архива)

    Извлекување на жртви и повредени во центарот на градот каде што до темел беше урнат хотелот Македонија

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира