ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА НА ДИВОГРАДБИ Е НАЈГОЛЕМА НЕБУЛОЗА, НЕ МОЖЕ ОД СМЕТКА ЗА СТРУЈА ДА ЗНАЕМЕ ДАЛИ ЗГРАДАТА ЌЕ ИЗДРЖИ ЗЕМЈОТРЕС, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ИЗИИС ШЕШОВ

    ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА НА ДИВОГРАДБИ Е НАЈГОЛЕМА НЕБУЛОЗА, НЕ МОЖЕ ОД СМЕТКА ЗА СТРУЈА ДА ЗНАЕМЕ ДАЛИ ЗГРАДАТА ЌЕ ИЗДРЖИ ЗЕМЈОТРЕС, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ИЗИИС ШЕШОВШешов во поткастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека Законот за легализација на дивоградби е најголема небулоза и овие објекти се најризични при земјотреси.(Фото: СДК.МК)

    Според податоците на Министерството за транспорт и врски, во земјава има околу 50.000 дивоградби. Но, реалниот број на дивоградби не се знае, ниту пак се знае како се градени и дали се безбедни. Во Собранието повторно е поднесен предлог за легализација за сите дивоградби во државата. Пратеникот Скендер Реџепи, преку измени во Законот за градење, предлага сите нелегални куќи и згради кои на покривот имаат инсталирано соларни панели за производство на струја, да добијат статус на легални објекти односно да се легализираат.

    Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Влатко Шешов во поткастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека Законот за легализација на дивоградби е најголема небулоза и овие објекти се најризични при земјотреси.

    Дивоградбите се темната страна на градежните објекти во земјава затоа што никој не знае како се изградени, а страшно е и затоа што по број никој не знае колку ги има, се шпекулира со стотици илјади. Штом немате контрола врз објектот како е изграден, тој веднаш претставува црвена точка, потенцијално жариште за утре тој објект да биде уништен при земјотрес. Законот за легализација на дивоградби е таква небулоза што не можам да сфатам, толку влади се менуваат и тој се продолжува. Па барем да се побара некаков проект за да се види како се градел тој објект. Сега дивоградбите се легализираат со сметки за струја и геодетски проект за квадратурата. Барем основни податоци да имаме, квалитет на материјал, од каде е набавен бетонот, кога е изграден, сам ли градел, тоа ќе ни даде сигнали на нас градежниците. А вака ќе ги ставите во катастар на недвижност и после нас ќе нè праша некој дали се безбедни зградите. Па како да знаеме, кога имате 50.000 станбени единици, туку-така никнати?“, вели Шешов.

    Пратеникот Реџепи кој има своја партија Движење Попули, и лани во декември поднесе предлогот по скратена постапка да се носат измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со кои ќе можеше да се легализираат дивоградби изградени до 31.12.2022 година, место до 4.3.2011, како што предвидува законот. Но, тогаш овој предлог не помина.

    За новиот обид на Реџепи да се донесе закон за легализација на дивоградбите реагираа и од граѓанската иницијатива „О2“.

    Реџепи поднесува измена на законот за градење со која се предвидува легализација на бесправно изградените згради, куќи, викендици на државно земјиште, без оглед каде се изградени, може во срцето на националните паркови, во Маврово, Шар Планина, во УНЕСКО Охридскиот Регион, на Матка, без оглед кога се изградени, може вчера завршиле со градење, само ако исполнат еден услов, а тоа е да постават соларни панели од смешни 1КW. Неофицијално дознаваме дека во Арачиново масовно периодов се поставувале соларни панели на крововите, без монтажа“, велат од граѓанската иницијатива „О2“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира