ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД 21 ДО 6 ЧАСОТ НЕМА ДА ВАЖИ ЗА ИТНИ СЛУЧАИ, ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ, ПОЛИЦИЈА И ВОЈСКА

    ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД  21 ДО 6 ЧАСОТ НЕМА ДА ВАЖИ ЗА ИТНИ СЛУЧАИ, ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ, ПОЛИЦИЈА И ВОЈСКАВо сила останува забраната за собирање во групи од повеќе од пет лица преку ден. - Премиерот Оливер Спасовски (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Оливер Спасовски објави дека од утре започнува ограничување на движењето на сите граѓани, односно полициски час. Се забранува движење на населението до 21 часот до 6 часот секој ден.

    „Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање и само така ќе ги спасиме и народот и државата. Животот радикално се промени и кај нас и во целиот свет. Одлуката е донесена врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести. Од оваа забрана се исклучуваат лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, лица во животозагрозувачка состојба и лица на дијализа, исклучиво во придружба на најмногу две лица. Директорите на јавните здравствени установи да изготват список со лица кои имаат потреба од движење во полицискиот час и за нив ќе биде изработени специјални пропусници. Со забраната не се опфатени лица од Министерството за внатрешни работи, армијата, противпожарните екипи, и лица вработени во комунална хигиена“, кажа Спасовски во вонредното обраќање.

    Спасовски кажа дека ќе се ограничи бројот на дежурните аптеки, а пристапот до дежурни аптеки ќе се ограничи само на лица кои биле на преглед. Ќе се задолжат такси компаниите да направат дежурства со ограничен број возила за превоз до болници и аптеки, а таксистите ќе носат заштитна маска и ракавици. Се забранува јавен превоз за време на полициски час. Дежурните екипи на ЕВН, топлификација, водовод и телекомите смеат да се движат само дозвола. Директорите и управителите на погони и сите институции се задолжуваат да го прилагодат работното време согласно полицискиот час.

    Во сила останува забраната за собирање во групи од повеќе од пет лица преку ден.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира