ПОТПОРНИОТ ЅИД НАД ДЕТСКА КЛИНИКА ПАЃАЛ ОД 2019, ГЕРАСИМОВСКИ ТВРДИ ТОА Е ПРОБЛЕМ НА ГРАД СКОПЈЕ, А АРСОВСКА ВЕЛИ ДЕКА Е НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

    ПОТПОРНИОТ ЅИД НАД ДЕТСКА КЛИНИКА ПАЃАЛ ОД 2019, ГЕРАСИМОВСКИ ТВРДИ ТОА Е ПРОБЛЕМ НА ГРАД СКОПЈЕ, А АРСОВСКА ВЕЛИ ДЕКА Е НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВООд Детска клиника уште во 2019 алармирале во Општина Центар дека ѕидот може да падне. (Фото: К. Попов)

    Уште во мај 2019, од Детска клиника испратиле барале од Општина Центар да се санира потпорниот ѕид на улицата Белградска оти е навален, постои опасност да падне и е небезбедно движењето на пациентите. Писмото е доставено од тогашното раководство на Клиниката, но од Општина Центар, со која тогаш раководел градоначалникот Саша Богдановиќ, ништо не преземале. За решавање на овој проеблем кај секторот за урбанизам интервенирала и тогашната претседателка на Советот на Општина Центар, Јана Белчева. По низа преписки со администрацијата ѝ било одговорено дека не можат да интервенираат оти улицата е надлежност на Град Скопје. 

    Од Општина Центар денеска испратија соопштение во кое велат со одлука на Советот и договор склучен меѓу Град Скопје и Општина Центар на 5 август 2019, градските власти ја преземаат обврската за проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на улицата. Но, не кажуваат зошто од мај 2019, кога од Детска клиника барале итно решавење на проблемот, до август не презеле ништо.

    Да беше до нас, проблемот одамна ќе се решеше, но согласно договорот за меѓуопштинска соработка меѓу Градот и Општината, сите обврски за одржување на функционалноста на улица Белградска што подразбира и градежни активности ако е потребно, е одговорност и обврска на Град Скопје. Општина Центар не смее да презема активности во тој домен“, вели Герасимовски.

    Од Град Скопје, пак, тврдат дека Герасимовски шири дезинформации во врска со срушениот ѕид и дека Градот не е надлежен да го поправи ѕидот, туку Министерството за здравство.

    Улицата Белградска е улица во надлежност и сопственост на Општина Центар, за истата донесена е одлука на Советот за одржување од страна на Град Скопје, кое во ниту еден случај не значи изградба на улица ниту друг вид градежни активности врз нејзини делови. Изградба на општински улици е во надлежност на општините, додека на Градот Скопје се надлежност булеварите и сообраќајниците кои се опфатени во ГУП. Потпорниот ѕид кој е изграден со функција ограда на Клиничкиот центар е надлежност на Министерството за здравство, односно негова изградба/реконструкција може согласно законските и подзаконски акти да прави единствено Министерството или негов орган овластен за истото“, велат од Град Скопје.

    Од Министерството за здравство велат дека надлежни да најдат итно решение се Градот Скопје и Општина Центар.

    „Министерството за здравство информира дека во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести истиот е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште. Секој од објектите во Клиничкиот центар има право на користење на објектите, но нема доделено право на трајно користење на земјиштето околу клиниките. Во интерес на граѓаните, потребно е да се изнајде итно решение во заеднички напори со надлежните институции Градот Скопје и Општина Центар кои треба да бидат иницијатори за решавање на проблемот, поради тоа што се работи за улица“, велат од Министерството за здравство и апелираат до надлежните инспекциски служби да дадат мислење за моменталната безбедност.

    Вчера за проблемот со потпорниот ѕид кој се урна алармираше директорот на Центарот за управување и кризи Стојанче Ангелов, кој кажа дека тие овој проблем сите надлежни институции биле известени уште пред година и половина, откако до ЦУК стигнале пријави од неколку граѓани дека потпорниот ѕид е во лоша состојба, накосен е и постои опасност да падне. Од ЦУК веднаш ги известите Министерството за здравство, Градот Скопје како и Општината Центар, Министерството за внатрешни работи (МВР ) за преземање на потребните мерки за да се заштитат животот и здравјето на граѓаните.

    „За жал, една и пол година подоцна не е преземено ништо. Состојбата со ѕидот е уште повеќе влошена и рано утрово на 112 добивме пријава дека дел од овој ѕид е срушен, но прашање на ден, а можеби и на час, е кога ќе се сруши и останатит дел од ѕидот под кој што, меѓудругото, паркираат и возила, а се движат и лица. Затоа апелираме до Министерството за здравство, до Градот Скопје и Општина Центар итно да се зафатат со надминување на оваа опаснсот“, рече вчера Ангелов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира