РАКОМЕТАРИТЕ ОСМИ ПАТ СЕ ПЛАСИРАА НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, МИРКУЛОВСКИ СЕ ПРОСТИ, НЕ И ЛАЗАРОВ

    РАКОМЕТАРИТЕ ОСМИ ПАТ СЕ ПЛАСИРАА НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, МИРКУЛОВСКИ СЕ ПРОСТИ, НЕ И ЛАЗАРОВМиркуловски доби врамен дрес од претседателот на РФМ, Живко Мукаетов (Фото: Ѓ. Личовски)

    Најдобрите македонски ракометари се пласираа на својот осми мундијал откако ја совладаа Чешка со 27:25 во реваншот од баражот за СП 2023, што беше и последен натпревар за репрезентацијата за Филип Миркуловски. Во ситуација кога на Чесите им одговараше и реми, клучниот гол во драматичниот финиш го постигна Филип Кузмановски од линијата од седум метри.

    Иако имаше најави дека ќе се збогува и капитенот Кире Лазаров, официјално испраќање му беше приредено само на Миркуловски. Тоа беше веќе видена глетка, откако тој и пред шест години доби врамен дрес со број 13 од претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, исто така пред мечот со Чешка во баражот за СП во Франција. Овојпат, одлуката е конечна, бидејќи Миркуловски најави и целосен крај на играчката кариера.

    Светското првенство 2023 во Полска и Шведска ќе биде 15. големо натпреварување за македонските ракометари, а 12. во низа, која почна во 2012.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира