СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМЕША МАРКО РУБИО СО ЏЕЈ ДИ ВЕНС И ГО НАРЕЧЕ ДИЏЕЈ ВЕНС НА САМИТОТ НА НАТО

    СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМЕША МАРКО РУБИО СО ЏЕЈ ДИ ВЕНС И ГО НАРЕЧЕ ДИЏЕЈ ВЕНС НА САМИТОТ НА НАТОПретседателката на Фејсбук објави „кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп, симболичен гест на почит и партнерство“, заедно со фотографии како со Муцунски се ракуваат со Трамп. (Фото: Фејсбук)

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Самитот НАТО во Хаг ги помеша државниот секретар на САД Марко Рубио со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Дополнително, во изјавата за ТВ21, таа место Џеј Ди Венс го нарече потпретседателот Диџеј Венс.

    Венс не присуствуваше на Самитот на НАТО во Хаг.

    Во видеоизјавата за ТВ21 кажа дека со Трамп бил и „потпретседателот Диџеј Венс“. Додаде и дека потпретседателот на САД се познава со министерот Муцунски, а најави дека е можно Венс да ја посети Македонија.  Всушност, Муцунски имаше средба со Рубио во Вашингтон на 29 мај годинава.

    „Јас му кажав дека сум македонска претседателка, и тој имаше интересна реакција, зборувам за говорот на телото. Му реков дека е најважно да се сочува мирот“, рече Сиљановска-Давкова.

    Сиљановска-Давкова ја предводи македонската државна делегација на Самитот на НАТО, во која се и министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и за одбрана Владо Мисајловски. Претседателот Трамп ја предводи делегацијата на САД во која се и Рубио и државниот секретар за одбрана Питер Хегсет.

    Таа на Фејсбук објави „кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп, симболичен гест на почит и партнерство“, заедно со фотографии како со Муцунски се ракуваат со Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира