ВЕТЕРОТ СО ЈАЧИНА ОД 70 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС ИСКРШИ ДРВЈА И УРНА БИЛБОРДИ НИЗ СКОПЈЕ

    ВЕТЕРОТ СО ЈАЧИНА ОД 70 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС ИСКРШИ ДРВЈА И УРНА БИЛБОРДИ НИЗ СКОПЈЕУрнат билборд кај Порта Влае (Фото: Ѓ. Личовски)

    Силниот ветер кој вечерва дуваше во Скопје искрши дрвја на повеќе локации низ градот, а урнати се и неколку билборди. Граѓани до нашата редакција испратија фотографии од искршени дрвја долж булеварот Партизански одреди, во населбата Карпош 4, во близина на ТЦ „Сити мол“. Билборд е урнат кај  комплексот згради „Порта Влае“.

    Паднато дрво на булеварот Партизански одреди. (Фото: аматерска фотографија)

    Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека досега имаат само два повика за скршени дрвја, но очекуваат тој број да се зголеми. Од таму додаваат дека Градскиот кризен штаб е на терен и се интервенира на сите локации.

    „Вечерва низ Скопје се очекува засилен ветер, дожд, а во раните утрински часови можна е појава и на снег. Ги повикуваме граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања од домовите, да избегнуваат прошетки под дрвореди и да не ги паркираат своите возила под крошните на дрвјата. Екипи се на терен кои работат на расчистување на гранките и дрвјата“, соопштија од Град Скоје.

    Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека ветерот вечерва според првичните информации бил со јачина од 70 километри на час.

    Од силниот ветер одредени делови на Скопје останаа и без струја.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира