Знамето на НАТО од денеска ќе стои пред Собранието.
Откако пратениците со 114 гласа „за“ го изгласа Законот за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, знамето беше предадено на претседателот на Собранието Талат Џафери од шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје Зоран Јанковиќ. Членови на почесната гарда потоа го кренаа знамето на Алијансата пред главниот влез на Собранието.
Ратификацијата на Протоколот е со одложено дејство. Ќе стапи на сила откако протоколот ќе биде ратификуван и од шпанскиот Парламент. Шпанија е последната од 29 земји членки кои досега го немаат ратификувано Протоколот за членство на Македонија во НАТО.
Протоколот беше ратификуван пред и Шпанија да го ратификува бидејќи македонското Сообрание треба да се распушти до крајот на неделата заради одржување на предвремените парламентарни избори, кои се закажани на 12 април.
А. АНТЕВСКА