„11 ОКТОМВРИ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА ПЕПИ МИРЧЕВСКИ, ДИМИТРИ ДУРАЦОСКИ И ЉУПЧО КОЦАРЕВ

    „11 ОКТОМВРИ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА ПЕПИ МИРЧЕВСКИ, ДИМИТРИ ДУРАЦОСКИ И ЉУПЧО КОЦАРЕВМакедонскиот актерски доајен Петар Мирчевски по премиерата на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во Битола. (Фото: Продукција „Сестри и брат Митевски“)

    Актерот од Битолскиот театар Петар Мирчевски, академик Љупчо Коцарев и писателот и ликовен уметник Димитри Дурацоски се годинашни добитници на државната награда „11 Октомври“, највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес, објави Министерството за култура.

    Мирчевски, еден од доајените на Битолскиот театар и најангажиран актер во македонските филмови, како и Дурацоски ја добија наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста, а  Коцарев за животно дело во областа на науката.

    Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври во Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира