4 МАКЕДОНСКИ РОМАНИ ВО ПОТЕСЕН КРУГ ЗА НАГРАДАТА ЗА ЛИТЕРАТУРА НА ЕУ

    4 МАКЕДОНСКИ РОМАНИ ВО ПОТЕСЕН КРУГ ЗА НАГРАДАТА ЗА ЛИТЕРАТУРА НА ЕУВо потесниот избор има 47 автори од 13 земји, а добитниците ќе бидат објавени на 19 мај.

    Романи на четворица македонски писатели влегоа во потесна конкуренција за Наградата за литература на Европската Унијa.

    Станува збор за делата: „Утеха за голите“ на Давор Стојановски, во издание на „Или-или“, „Другата страна“ на Ѓорѓи Крстевски („Бегемот“), „Последните денови на Ханс“ („Или-или“) и „Страв од варвари“ на Петар Андоновски во издание на „Или-или“.

    Во потесниот избор има 47 автори од 13 земји, а добитниците ќе бидат објавени на 19 мај.

    Македонски автори кои ја добиле наградата за литература на ЕУ досега се Гоце Смилевски во 2010 („Сестрата на Зигмунд Фројд“) и Лидија Димковска во 2013 за „Резервен живот“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира