47. ИЗДАНИЕ НА МОТ СО ПОСВЕТА НА ЉУБИША НИКОДИНОВСКИ-БИШ

    47. ИЗДАНИЕ НА МОТ СО ПОСВЕТА НА ЉУБИША НИКОДИНОВСКИ-БИШВо 22 часот на сцената „25 Мај“, e  претставата „Шопинг и факинг“ на Турскиот театар од Скопје, во режија на Шенај Мандак. (Фото: Турски театар)

    Четириесет и седмото издание на Млад отворен театар (МОТ), кој почна синоќа и ќе трае до 19 ноември, годинава е посветено на Љубиша Никодиновски-Биш, еден од основачите, кој почина годинава.

    „Востановуваме и награда ‘Биш’, која ќе се доделува на најдобра театарска претстава од домашна продукција меѓу две фестивалски изданија. Младинскиот културен центар (МКЦ) како организатор, отвори повик на кој се пријавија 25 продукции, а на фестивалот ќе бидат прикажани осум селектирани претстави. Оценувањето на претставите го прави меѓународно жири“,  вели Русе Арсов од МКЦ, додавајќи дека на 18 ноември ќе има вечер токму посветена на Биш, со комплетен осврт за неговиот придонес кон театарската уметност во земјава.

    На МОТ ќе се изведат 22 претстави, а вечерва на програмата на МОТ, од 20 часот во киното Фросина е претставата „Можат ли птиците да се забавуваат?“ во режија на Никола Исаковиќ, продукција на „Битеф театар“ од Белград. Автор на претставатга е Тијана Грумиќ, а настапуваат изведувачи – куклари: Младен Милојковиќ, Данило Бртакочевиќ и Ана Милосављевиќ. За сценографијата и куклите – објекти се задолжени Јована Матиќ и Ема Павловиќ.

    Во 22 часот на сцената „25 Мај“, e  претставата „Шопинг и факинг“ на Турскиот театар од Скопје, во режија на Шенај Мандак. Претставата е во селекција за наградата Биш 2022, за најдобра домашна претстава меѓу два фестивала. За претставата е обезбеден превод на македонски и на англиски јазик. Автор е Марк Равенхил. Играат: Метин Ибрахим, Стефанија Начевска, Накан Дачи, Ебру Мусли и Селпин Керим.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира