АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ ЌЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОР СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЗАРАДИ ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ ВО ТРОШЕЊЕТО НА ПАРИТЕ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ ЌЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОР СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЗАРАДИ ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ ВО ТРОШЕЊЕТО НА ПАРИТЕ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАМинистерката за култура Стефоска е иницијатор за договорот со кој ќе се врши поголема контрола во трошењето на парите. (Фото: К. Попов)

    Агенцијата за филм и Министерството за култура ќе склучат договор со кој ќе се регулираат меѓусебните права и обврски во однос на преведувањето на средствата од Буџетот на Министерството за култура на сметка на Агенцијата за филм. Од Министерството за култура ни рекоа дека одлуката е донесена на денешната седница на Владата, дека иницијатор за договорот е Министерството, а треба да се потпише во рок од 15 дена.

    Потребата од потпишување на овој договор, како што велат од кабинетот на министерката за култура Ирена Стефоска, е во „духот на стратегиите и заложбите на Владата на за воведување на механизми за зголемена контрола во трошењето на буџетските средства и за отчетно и одговорно работење на институциите“.

    „Во Буџетот на Министерството за култура, во Разделот 18100-финансирање на дејности од областа на културата, Програмата 31-Агенција за филм, расходна ставка 464 се обезбедени средства за финансирање на филмската дејност. Договорот дополнително има интенција да ја нагласи самостојноста на Агенцијата во однос на остварувањето на нејзините надлежности утврдени во Законот за филмската дејност и да гарантира конзистентност во донесените одлуки, но и да ја потврди законитоста, отчетноста, ефикасноста и транспарентноста во трошењето на буџетските средства“, вели Министерството за култура.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира