АКТЕРКАТА КАТЕРИНА КОЦЕВСКА Е НОВА УМЕТНИЧКА ДИРЕКТОРКА НА ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ВО ПРИЛЕП

    АКТЕРКАТА КАТЕРИНА КОЦЕВСКА Е НОВА УМЕТНИЧКА ДИРЕКТОРКА НА ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ВО ПРИЛЕПКоцевска за директор и селектор е избрана од Собранието на МТФ "Војдан Чернодрински", кое го сочинуваат претставници од сите професионални театари во Македонија плус член од Факултетот за драмски уметности .- Коцевска на премиерата на мјузиклот „Мама миа“ во МНТ (Фото: М.Златевска)

    Актерката Катерина Коцевска е нова уметничка директорка и селекторка на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Коцевска е избрана со одлука на собранието на  „Војдан Чернодрински”, кое го сочинуваат претставници од сите професионални театари во Македонија плус член од Факултетот за драмски уметности. Коцевска доаѓа на местото на колегата Петар Темелковски, кој 11 години беше на оваа функција.

    Коцевска ни рече дека веќе почнала да гледа претстави од репертоарите на театарите, согласно правилата дека на Фестивалот може да учествуваат претстави од последните две години, заклучно до 30 април годинава. Вели дека повеќе информации за Фестивалот ќе може да даде во иднина, бидејќи следат состаноци со организаторите од Центарот за култура „Марко Цепенков“ и театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

    Фестивалот традиционално почнува на првиот петок во јуни.

    Според биографијата објавена на сајтот на фестивалот, Коцевска е член на Драмски театар од 1983 година каде има одиграно многу улоги, како и и во театрите во Македонија. Добитничка е на повеќе актерски години, како наградата „Војдан Чернодрински“ за улогата на Олга-Бизјак Митиќ во претставата „Карамазови“ и наградата за најдобра млада актерка на фестивалот на Југословенски театар – Сараево, за истата улога. Има играно во голем број претстави како „Хај-Фај“ ,„Тетовирани души“, „Салома“, „Викенд на мртовци“, „Закопаното дете “, „ Р“, „Дантоновата смрт“, „Собирен центар“, „ Медеја“, „ Чија си“ , „Балкон“, „Стапица“, „ Чернодрински се враќа дома“, „Како да ја убиеш сопругата“, „Брачна игра“, „ Хамлет“.

    Коцевска има одиграно многу главни улоги во ТВ сериии и ТВ филмови, како и во неколку филмови. Авторка е на драмски текстови, од кои два „Нашиот непрежален“ и „Љубовници“ се поставени во нејзина режија.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари