АМБАСАДОРОТ ПЛОМП СИ ЗАМИНУВА СО ПОДАРОК ОД ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ КОИ РАБОТЕА НА ПРОЕКТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА

    АМБАСАДОРОТ ПЛОМП СИ ЗАМИНУВА СО ПОДАРОК ОД ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ КОИ РАБОТЕА НА ПРОЕКТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈААмбасадорот Пломп доби подарок и цртеж од ликовно-едукативниот проект „Уметност за сите“, наменет за децата со аутизам, оштетен говор, слух и вид што во Националната галерија се спроведува со помош на Амбасадата на Холандија. (Фото: К. Попов)

    Вработените во Националната галерија на Северна Македонија на чело со директорката Дита Старова-Ќерими денес со подароци и коктел му се заблагодарија за поддршката на холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, чиј мандат истекува и до крајот на неделава ќе си замине од земјава.

    Директорката Старова-Ќерими особено му се заблагодари и за ликовно-едукативниот проект „Уметност за сите“, наменет за децата со аутизам, оштетен говор, слух и вид, од најрана училишна возраст до завршување на средното образование. Проектот со поддршка на Холандската амбасада почна во јануари 2018, а ќе заврши годинава, со координација на кустосот Маја Димитрова.

    „Амбасадорот е голем вљубеник во уметноста и има големи познаваања од историјата на уметноста, толку што некогаш останувавме затекнати од неговите прашања“, рече дирекорката.

    Таа му подари графика, a Димитрова цртеж со пеперутки од проектот „Уметност за сите“, по што Пломп искрено ѝ се заблагодари на целата екипа и кажа дека делата навистина му се допаѓаат.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира