АМЕРИКАНКАТА ЛУИЗ ГЛИК ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА

    АМЕРИКАНКАТА ЛУИЗ ГЛИК ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРАГлик е една од најнаградуваните американски писателки (Фото: Гети)

    Американската поетеса Луиз Глик е годинашната добитничка на Нобеловата награда за литература.

    Нобеловиот комитет објави дека 77-годишната Глик ја добива наградата за „нејзиниот непогрешлив поетски глас кој со строга убавина го прави индивидуалното постоење универзално“.

    Глик е една од најнаградуваните американски писателки, која ги има добиено сите големи литературни награди и признанија во САД и често ја опишуваат како автобиографска поетеса. Во 1993 година ја освои и Пулицеровата награда за поезија.

    Глик е 16. жена која ја освојува оваа награда.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира