Руската оперска дива Ана Нетребко ја тужи Оперската куќа Метрополитен во Њујорк, бидејќи ја отпушти кога почна руската инвазија врз Украина. Нетребко претходно изразуваше поддршка за рускиот претседател Владимир Путин, но ја осуди инвазијата по притисокот од Мет.
Оперската певица со светска кариера ја тужи операта и директорот и бара 360 илјади долари оштета. Тужбата е поднесена поради клевета, прекршување на договорот.
51-годишната Нетребко бара оштета поради изгубените настапи и пробите и тврди дека Мет ѝ предизвикал „тешка ментална болка и емоционална вознемиреност“, како и „депресија, понижување, срам, стрес и анксиозност и емоционална болка и страдање“.
Оперската куќа одговори дека тужбата нема никаква основа.