АРХИТЕКТОТ МИОДРАГ РАДОЊИЌ-БАТО НАГРАДЕН СО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

    АРХИТЕКТОТ МИОДРАГ РАДОЊИЌ-БАТО НАГРАДЕН СО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛОАрхитектот Миодраг Радоњиќ-Бато во 1991 година, како партнер со Ранчо Христов го регистрира првото приватно aрхитектонско биро во Македонија „Ателје Ајвар“/Проект на фирмата "Ателје Ајвар“ за хотелот „Илинден“ во Крушево (Фото: Фејсбук)

    Архитектот Миодраг Радоњиќ-Бато е годинашен добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2018 година, соопшти Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).

    Наградата на Радоњиќ-Бато ќе му бида врачена денеска, 25 декември, во 20 часот во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

    Радоњиќ -Бато е роден на 15 февруари 1949 година во Краљевица-Ријека, Хрватска. Од 1950 година живее во Скопје каде дипломирал на Архитектонскиот факултет во 1976 година.

    Од 1973 година ја оформува неформална студентска група „АЈВАР“ која прераснува во Конкурсна „Група АЈВАР“ со архитектите Ранчо Христов, Мартин Гулевски и Стеван Смилевски. Со групата повремено работат и Крсте Џидров, Влатко Коробар и Слободан Живковски.

    По дипломирањето се вработува во Републичкиот завод за урбанизам „ЗУМ“ – Скопје, каде го започнува својот професионален ангажман на ахитектонско проектирање и урбанистичко планирање и твори во тек на наредните петнаесет години, од 1977 до 1991 година.

    Во 1991 година, како партнер со Ранчо Христов го регистрира првото приватноа архитектонско биро во Македонија „Ателје Ајвар“ ДОО, Скопје.

    „Во целокупното архитектонско – урбанистичко творештво Радоњиќ-Бато, во период од четириесет години творечка дејност, изготвил повеќе од 27 урбанистички планови и урбанистички проекти, преку 150 архитектонски проекти од кои 75 се реализирани и 27 анонимни и повикани архитектонско-урбанистички конкурси од кои 1 првонаграден, 2 трети награди, 7 откупа и 1 специјално признание.

    Во целиот период на своето творештво активно учествува во струковите здруженија, а особено во ААМ, каде што бил член на Управниот одбор, член и претседател на повеќе комисии за доделување на стручни признанија и награди, а од 2004 до 2008 и Претседател на Собранието на ААМ. Членува и во Сојузот на Урбанисти на Македонија и во периодот од 1986 до 1990 е технички секретар на сојузот под претседателство на Тихомир Арсовски“, објави Асоцијацијата.

    За своето плодно и креативно творештво, во сферата на архитектонската и урбанистичка дејност, како и за афирмација на професионалното творештводобил голем број признанија и награди, како награда за најдобар проект на БИМАС, за локалниот центар „Првомајска“ во Скопје, награда за најдобар проект на БИМАС, за Хотел „Алфа-С“ во Трутнов, Чешка како и наградата „Борис Чипан“ за придонес во развојот на архитектонско-инженерската струка во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира