БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ ЗА ИЗЛОЖБАТА „ВЕЛИКАТА СТЕПА“ ЗА ИСТОРИЈАТА И КУЛТУРАТА НА КАЗАХСТАН

    БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ ЗА ИЗЛОЖБАТА „ВЕЛИКАТА СТЕПА“ ЗА ИСТОРИЈАТА И КУЛТУРАТА НА КАЗАХСТАНВо фокусот на изложбата е симболот на Казахстан, Златниот човек или казахстанскиот Тутанкамон, кој датира од 5. век пред нашата ера (Фото: Археолошки музеј)

    „Великата степа: историја и култура“ е насловена изложбата на Националниот музеј на Казахстан, која ќе се отвори утревечер во 19 часот во Археолошкиот музеј во Скопје.

    Гостувачката изложба содржи 292 ексклузивни предмети како: накит, предмети со рунски натписи, воена опрема, коњска опрема и традиционални ракотворби.

    Во фокусот на изложбата е симболот на Казахстан, Златниот човек или казахстанскиот Тутанкамон, кој датира од 5. век пред нашата ера и кого научниците го идентификуваат како воин на народот Сака.
    Изложбата од Националниот музеј на Казахстан во Нур-Султан е дел од проектот „Патувањето на Златниот човек во музеите ширум светот“.

     

    Изложбата содржи 292 ексклузивни предмети како: накит, предмети со рунски натписи, воена опрема, коњска опрема и традиционални ракотворби (Фото: Археолошки музеј)

    „Главната цел на оваа изложба е запознавање на странската публика со богатото историско и културно наследство на Казахстан“, вели директорот на Националниот музеј, Нуразхан Алмаз Шајкенович.

    Директорот на Археолошкиот музеј Горан Санев рече дека изложбата е договорена пред два месеца, и го пофали тимот од музејот во Нур-Султан кои дошле пред десетина дена за, како што рече, големата професионалност и посветеност на работењето на поставката.

    „Златниот човек е откриен во тумуларна гробница во Исик, во близина на главниот град Алмати во 1969. Неговото тело е покриено со неколку илјади златни апликации, комплет кој се состои од кошула, чизми и накит за глава. Се претпоставува дека златните обетки и прстени кои се пронајдени во гробот, исто така, му припаѓаат нему. Од прогласувањето на независноста на Казахстан во 1991, Златниот човек станува симбол на казахстанското национално богатство“, велат од Археолошкиот музеј.

    Изложбата ќе отворена до 11 август, а влезот ќе биде бесплатен.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира